Наумоски: Само со дисциплина можеме да го надминеме предизвикот „учење во време на корона”

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски денеска ги посети дел од училиштата и градинките во Општината, при што истакна дека максимално се почитуваат здравствените протоколи, а нема поголеми проблеми и со онлајн наставата.

– Максимално се почитуваат здравствените протокли. Само со дисциплина можеме да го надминеме предизвикот „учење во време на корона” и да имаме успешна учебна година, истакна Наумоски.

Од Општината истакнаа дека преку своите бизнис соработници прават напори да обезбедат таблет компјутери за децата од социјално ранливите категории.

Во моментов, локалната самоуправа прави сондажа на резултатите добиени од анкетните листови од заинтересираните родители кои имаат деца до трето одделение, а ќе се одлучат да посетуваат настава организирана во дневен престој или целодневна настава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот