Натпреварувачите во лежење во Црна Гора лежат повеќе од еден месец: Не им се станува поради цената на горивото

Во Црна Гора повеќе од еден месец трае натпреварот во лежење, а натпреварувачите се потенцијални кандидати за влез во Гинисовата книга на рекорди.
Натпреварот се одржува во селото Брезна, недалеку од Никшиќ во Црна Гора, а од 21 натпреварувач, колку што имаше на почетокот, останаа само пет херои.
Тројца мажи и две девојки се борат за титулата „најголем лежач“ и награда од 1.000 евра, а никој не сака да се откаже сега кога победата е толку блиску, пишува „24седам.рс“.
– Ова е навистина без преседан. Сите рекорди се соборени одамна. Секој од овие пет натпреварувачи е заслужен за тоа. Никој не сака да се откаже сега, ова е многу повеќе од натпревар во лежење, ова е вистинска психолошка игра. Се трудиме навистина да им обезбедиме најдобри услови. Им носиме храна и пијалоци, има и лекари кои се грижат за нивното здравје – изјави Миќо Благојевиќ, идејниот творец на натпреварот.
Цел свет слушна за лежачите во Брезна, бидејќи бројни регионални и светски медиуми го пренесоа најбизарното натпреварување во Европа.
– Се почна како шега со предрасудите дека Црногорците се мрзливи и сакаат да лежат, а еве сега натпревар за кој зборува целиот свет. Оваа година има бројни анегдоти кои долго ќе се прераскажуваат – вели Благојевиќ.
– Еден наш учесник дури и ослабе неколку килограми иако јадеше и лежеше. Таткото на едно девојче ѝ донел нов автомобил пред влезот во етничкото село за да стане да го види и да го заврши натпреварот, но таа сепак реши да не се откаже. Горивото поскапе, подобро е да остане да лежи – додава низ смеа Благојевиќ.
Црногорците се навистина „мрзливи“: Сè уште трае натпреварот во лежење, веќе 13 дена
Во Црна Гора се одржува натпревар во лежење: Ќе се излежуваат за награда од 1.000 евра