Црногорците се навистина „мрзливи“: Сè уште трае натпреварот во лежење, веќе 13 дена

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ srpskainfocom

 

Нема откажување во уникатното натпреварување во лежење во Европа, кое е веќе во тринаесетиот ден. Осум натпреварувачи, од кои пет дами и тројца мажи, верувале или не, сè уште лежат во сенката на стар јавор во селото Брезна во Црна Гора. Натпреварувачот којшто најдолго ќе издржи, ќе добие парична награда од 1.000 евра.

Според организаторите, тука најмалку се важни парите , бидејќи ова е пред сѐ многу тежок психолошки предизвик. Натпреварот е создаден како одговор на предрасудите дека Црногорците се мрзливи и сакаат да лежат.

Натпреварувачите се влезени во тринаесетиот ден и лежат повеќе од 290 час, со што веќе поставиле нов рекорд.

„Во текот на сите овие години, тоа никогаш досега не се случило и тешко ќе биде да се сруши овој нов рекорд, кој е веќе поставен“, изјави Миќо Благојевиќ, сопственикот на етничкото село Црна Гора, кој е организатор и креатор на овој необичен натпревар.

Натпреварувачите имаат право да одат во тоалет на секои осум часа по десет минути за да ги исполнат сите свои физиолошки потреби, а храната и пијалоците им се носат каде што лежат. За да се обезбеди сè да оди без проблеми, има и лекари кои ги посетуваат и ги проверуваат натпреварувачите.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ agencijaanadolija
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ agencijaanadolija
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ agencijaanadolija

Во Црна Гора се одржува натпревар во лежење: Ќе се излежуваат за награда од 1.000 евра

Соборен рекорд на натпреварот во лежење во Црна Гора: 12 учесници лежат повеќе од 120 часа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот