Соборен рекорд на натпреварот во лежење во Црна Гора: 12 учесници лежат повеќе од 120 часа

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

На натпреварот во лежење, што се одржува во црногорското етно-село „Монтенегро“, Брезна, кое се наоѓа меѓу Никшиќ и Плужине, утрово беше соборен рекордот постигнат во 2021 година, пишува „РТЦГ“.

Дури 12 натпреварувачи лежат повеќе од 120 часа и со тоа го соборија досегашниот рекорд на победничката на натпреварот Дубравка Алексиќ од Подгорица, од 2021 година, која лежеше 117 часа.

Организаторот на натпреварот и сопственик на етно-селото Миќо Благојевиќ, поставениот рекорд го потврди за медиумите.

Натпреварот започна во петокот наутро, каде беа пријавени 21 натпреварувач. Во меѓувреме девет натпреварувачи се откажаа, а 12 од нив се борат за наградата од 1.000 евра.

Правилата се дека на учесниците им е забрането да стануваат, но дозволено е спиење, читање книги, јадење и пиење. На секои осум часа на натпреварувачите им е дозволено да одат во тоалет.

Овој натпревар, кој ја прави Црна Гора единствена во Европа, е особено интересен поради прифатениот стереотип дека Црногорците се мрзливи.

Во Црна Гора се одржува натпревар во лежење: Ќе се излежуваат за награда од 1.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот