Во Црна Гора се одржува натпревар во лежење: Ќе се излежуваат за награда од 1.000 евра

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Во етно-село Монтенегро, Брезна, кое се наоѓа меѓу Никшиќ и Плужине, во тек е традиционалниот натпревар во лежење, а оваа година 17 учесници се борат за награда од 1.000 евра, пишува српски „Еуроњус“.

Организаторот на натпреварот и сопственик на етно-селото, Миќо Благојевиќ изјави дека годинава се пријавиле 21 натпреварувач. Тој објасни дека тројца се откажале уште првиот ден, а еден вчера.

Учесници има од регионот, од Хрватска, Босна и Херцеговина, како и Руси, Украинци, а интересот е зголемен, бидејќи наградата за победникот е 1.000 евра.

Миќо верува дека годинава ќе биде соборен рекордот од 117 часа лежење, што бил поставен пред минатата година.

„Гледам дека се упорни. Не бараат многу, имаат оброци, им носиме нешто да пијат, да јадат, издржаа вчера на дожд четири-пет часа. До четврток е најавено добро време, па мислам дека можат долго да лежат мирни“, рече тој.

Една од учесничките вели дека излежувањето започнало во петокот, 18 август, во 10:00 часот, и дека натпреварот за неа бил многу забавен, а тимот одличен.

„Местово е убаво, чист воздух, локална храна… Уморни сме и ни треба одмор“, рече таа.

Се пошегувала дека, пред се, на учесниците им паднала „секирата во мед“. Таа објаснила дека на секои осум часа имаат по 10 минути пауза, да одат во тоалет и да се истегнат малку.

Организаторот Миќо, истакнал дека идејата за организирање на ваков натпревар дошла уште пред 12 години, токму поради митот дека Црногорците се мрзливи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот