Наспроти падот на патувањата Кина основа нова авиокомпанија

Главната дестинација на новата авиокомпанија ќе биде островот Хаинан, центар за слободна трговија со осум милиони луѓе.

Вториот најголем авиопревозник во Кина, Чајна Истерн планира да основа нова авиокомпанија и покрај големиот глобален пад на патници поради пандемијата на Ковид-19, пренесува британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

Како што се наведува, Чајна Истерн, како дел од проектот, ги здружи силите со голем број партнери, вклучувајќи ја и најголемата кинеска туристичка агенција Trip.com.

Главната дестинација на новата авиокомпанија ќе биде островот Хаинан, центар за слободна трговија со осум милиони луѓе.

Во некои кругови се става под знак прашалник времето за започнување со работа на новата авиокомпанија, со оглед на тоа што воздухопловната индустрија во моментов се бори да го надмине колапсот на патувањата, предизвикан од пандемијата, додава Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот