Доналд Трамп / фото: Rawpixel / CC0

Наскоро ќе биде готово, Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје, вели Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска навести дека крајот на американско-израелската војна против Иран можеби е на повидок, пренесува Анадолу.

„Ги запревме. Никогаш нема да имаат нуклеарно оружје. Никогаш нема да имаат нуклеарно оружје. И наскоро ќе завршиме со тоа. Наскоро ќе биде готово“, рече тој.

Американскиот претседател денес беше меѓу своите поддржувачи во државата Њујорк.

„Ќе видите бројки какви што никогаш не сте виделе, и во позитивна смисла, а и во однос на трошоците, ќе видите како цените на автомобилите паѓаат“, додаде тој пред присутните.

Претходно, иранската новинска агенција објави дека катарска делегација води преговори со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во Техеран, во обид да се стави крај на војната, со посредство на Пакистан.

Извештајот дојде откако началникот на пакистанската армија, Асим Мунир, пристигна во Техеран како дел од тековните посреднички напори на Исламабад за завршување на војната. Ова е негова втора таква посета на Техеран. Пакистанскиот министер за внатрешни работи веќе два дена е во Техеран како дел од индиректните разговори меѓу САД и Иран.

Интензивната дипломатска активност доаѓа во време кога преговарачите ги намалуваат разликите околу договорот за ставање крај на војната.

Посредувањето за прекин на непријателствата започна кога Пакистан обезбеди прекин на огнот на 8 април, со што беше запрена војната, а подоцна беа организирани и разговори на највисоко ниво меѓу САД и Иран од 1979 година наваму, на 11 и 12 април.

Исламабад го засили посредничкиот процес за да обезбеди втора рунда директни разговори меѓу двете страни.

Иран се обидува со помош на Пакистан да изнајде начин да заврши војната со САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот