Направете моцарела дома, потребни ви се само две состојки
Направете го омиленото сирење моцарела дома.
Препорачано
Познатото италијанско сирење моцарела отсега можете да го правите и во својот дом, а потребни ви се само две состојки. Важно е само да набавите полномасно млеко за да ја има потребната маснотија. При подготвувањето на омилениот специјалитет со него, исто така, ќе се растегнува и ќе го има препознатливиот вкус.
Состојки:
– 2 литри непастеризирано млеко
– оцет
– малку сол (по желба)
Подготовка:
Загрејте го млекото, но не треба да биде премногу врело. Идеална температура е онаа во која прстот можете да го држите во млекото без да се изгорите. Додадете 4 лажички оцет, благо мешајќи без престан. Овој процес се одвива бавно затоа бидете трпеливи и мешајте додека млекото не почне да се одвојува и да формира се поголеми грутки. Со раце земете го сирењето, исцедете го и направете топка, па ставете го и во топла вода. За тоа можете да ја искористите и течноста која останала по правењето на сирењето, загрејте ја малку за да биде доволно жешко. Чувајте го во топла вода околу пет минути, а потоа исцедете го со рацете. Потоа вратете го, измешајте малку, исцедете го и повторете ја постапката два до три пати. Потоа, ставете ја топката сирење во ледена вода минута или две. Совет е во водата да ставите коцки мраз за да биде што поладна. Извадете го, исцедете го и повторете го овој процес два до три пати. По ова, сирењето е подготвено за јадење.


