Наполи нема дозвола да го менува името на стадионот во Диего Марадона!?

Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Таквиот одговор од водечките луѓе може да предизвика гнев не само кај граѓаните на Неапол, туку и на цела Италија.

Неколку часа по веста за смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона, луѓето во Наполи најавија промена на името на стадионот „Сан Паоло“ во негова чест.

Но, законот застана на патот помеѓу желбата на луѓето во Наполи и реализацијата на феноменалната идеја. Иако, во Неапол постои голема желба, предводена од градоначалникот Луиџи де Маџистрис, од друга страна, постојат административни пречки кои не можат да се надминат.

Законот во Италија го пропишува правилото дека објектот може да биде именуван по некоја личност само 10 години по неговата смрт, што значи дека стадионот во Наполи не би бил именуван како „Диего Марадона“ до 2030 година.

Таквата пречка може да предизвика гнев, особено кај навивачите на Наполи, и може да создаде вистински хаос на улиците. Затоа, оваа регулатива се очекува најверојатно да биде надмината и ќе се направи исклучок сегашниот стадион да го носи името на легендата на светскиот фудбал.

Градоначалникот на Неапол: Официјално, Стадион „Диего Армандо Марадона“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот