Градоначалникот на Неапол: Официјално, Стадион „Диего Армандо Марадона“!

Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Градоначалникот на Неапол објави дека Стадионот Сан Паоло ќе се преименува во Стадион Диего Армандо Марадона, информираат италијанските медиуми.

Имаше неколку верзии на планот да се именува стадионот по иконата на Наполи и Аргентина, кој почина во средата на 60-годишна возраст.

Имаше и предлог да се вика Арена Диего Марадона, но градоначалникот на Неапол Луиџи Де Маџистрис преку својата официјална страница на Инстаграм објави дека одлуката е донесена.

– Постојат многу прекрасни идеи, но на крајот на денот, името ќе биде: Стадион Диего Армандо Марадона – се зборовите на Де Маџистрис.

Како што од претходно е објавено вечерва играчите на Наполи против Рома во рамките од Серија А играат со „сино-бели“ дресови во чест на Марадона.

– Со Болка во твоето срце, Неапол ти се колне во вечна љубов – пишува на транспарентот што е раширен над трибината.

На трибините нема навивачи, но просторот околу стадионот е преполн со знамиња, шалови, транспаренти..

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luigi de Magistris (@demagistris)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот