Наполи има пари, но никој не сака да дојде

EPA-EFE

За Наполи кој се подготвува за новата сезона во Серија А, отпаѓа уште една „мета“, не успеа да го ангажира Пепе од редовите францускиот клуб Лил, односно одлучи провизијата на агентот.

Хамес Родригез исто така не доаѓа под Везув, тој најверојатно ќе остане во Реал Мадрид, а и доколку би постоела варијанта да си замине, желбата е само трансфер во Атлетико.

Италијанскиот вицешампион го доведе грчкиот интернационалец Манолас, па го откупи голманот Оспина, а дојде и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Потрошени се околу 52 милиони евра, продадени се Диавара и Винисиус, си замина и Раул Албиол, а останаа уште 40 милиони евра за трошење летово на трансфер пазарот.

Значи, има пари, но не и идеални играчи кои би направиле трансфер во Наполи. На Апенините се шпекулира дека би можел да дојде Лозано кој со ПСВ доживеа шокантна елиминацијата во квалификациите за ЛШ. Мексиканецот ќе биде продаден, но дали вреди за крилниот напаѓач да се потрошат 40 милиони евра? Од 2017 година за холандскиот клуб имаше 59 натпревари и 34 голови.

Што се однесува до Икарди, Интер бара 80 милиони евра. „Наполитанците“ немаат толкава сума, но имаат план Б. А тоа е доколку Милик го напушти клубот, за Полјакот интерес покажува Бетис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот