Серија А: Рома го чека Пандев, Несторовски домаќин на Милан

EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Во новата сезона ќе имаме вкупно тројца Македонци (барем засега, доколку Александар Трајковски не направи трансфер летово во Серија А).

Стандардниот Горан Пандев, играчот на Џенова, летово Елиф Елмас го засили вицешампионот Наполи, а Илија Несторовски потпиша за Удинезе.

Елмас со Наполи гостува кај Фиорентина, Пандев со Џенова оди кај Рома, а Несторовски со Удинезе е домаќин на Милан.

ЦЕЛИОТ РАСПОРЕД ЗА СЕЗОНАТА 2019/2020 ВО ИТАЛИЈАНСКАТА СЕРИЈА А МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Бранителот на трофејот, составот на Јувентус ќе има незгодно гостување на стартот кај Парма.

Серија А, 2019/20

1. коло, двојки:

Каљари-Бреша
Фиорентина-Наполи
Верона-Болоња
Интер-Лече
Парма-Јувентус
Рома-Џенова
Сампдорија-Лацио
Спал-Аталанта
Торино-Сасуоло
Удинезе-Милан

Веќе во второто коло (1 септември 2019) ќе го имаме најголемото дерби, Јувентус пред своите навивачи ќе игра против Наполи, а внимание ќе привлече и градската римска пресметка меѓу Лацио и Рома.

Сезоната официјално ќе започне на 24/25 август 2019 година, а ќе заврши на 24 мај 2020 година.

Три кола ќе се играат в среда, поточно на 25 септември 2019, 30 октомври 2019 и 22 април 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот