Намирници кои ќе ви помогнат да ја намалите желбата за благо

Добро е познато дека шеќерот предизвикува голема зависност, па навистина е многу тешко да се прекине со консумирањето на благо.

Поради тоа, за да ја намалите желбата за благо, обидете се тоа да го направите, на тој начин што храната богата со шеќери ќе ја замените со некоја од следниве намирници:

Авокадо

Покрај тоа што ќе си ја збогатите исхраната со здрави масти, ако јадете авокадо неколку часа после ручек, ќе успеете да ја намалите и желбата за благо. Ако половина свежо авокадо не ви звучи како најдобар избор, можете да му додадете малку сол и да исцедите лимон на врвот, или да го намачкате на парче тост. Притоа, водете сметка за тоа лебот да не содржи шеќери.

Ферментирана храна

Можеби ќе помислите дека ова е чуден избор, но ферментираната храна, како што е киселата зелка, навистина може да ви помогне да не консумирате премногу благо. Тајната е во силниот и пикантен вкус на оваа храна, која интересно, може да ги задоволи вашите сетила на ист начин како и шеќерот, а пробиотиците и пребиотиците кои содржат ферментирана храна, исто така помагаат во намалување на желбата за благо, покажа едно истражување.

Путер од бадеми

Ако пак сакате нешто слатко, изедете една лажичка путер од бадеми после ручек. Тој содржи здрави масти и протеини, кои ќе ве одржат сити со часови. Бадемот е природно сладок, па кога ќе му додадете путер, ќе успеете да си ја намалите желбата за благо.

Неколку коцки црна чоколада

Ако сакате да си ја задоволите вашата желба за благо, толку многу што не можете да издржите, во тој случај обидете се да изедете неколку коцки темна чоколада. Најдобро е да побарате чоколада која содржи 70 отсто какао. Ако е возможно, одберете чоколада која содржи помалку од пет грама шеќери по оброк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот