Наместо во Вардар, Дуарте ќе игра во Бундеслигата

Жилберто Дуарте настапува на позицијата лев бек/Фото: rkvardar.mk

Жилберто Дуарте требаше да биде големо засилување за скопските „црвено-црни“ следната сезона во Лигата на шампионите.

Но, Португалецот нема да го облече дресот на Вардар 1961 кој беше исклучен од ЕХФ поради долгови.

Денеска екипата на Гепинген објави на својот клупски сајт дека нивни нов играч е левиот бек Дуарте.

Во својата клупска кариера настапуваше за Порто, Висла Плоцк, Барселона и Монпеље, а за португалската репрезентација има 91 настап и 283 голови.

Уште еден играч кој требаше да биде дел од Вардар следната сезона во ЛШ, рускиот пивот Павел Андреев ќе игра на позајмица во белорускиот Мешков Брест.

Видео на денот