фото: скриншот/Икс

Наместо паднатиот мост, привремено е отворен нов меѓу БиХ и Хрватска

Нов мост е отворен на граничниот премин „Горња Варош“ меѓу БиХ со Хрватска околу 19 часот синоќа, со што се очекува да се намалат гужвите предизвикани од уривањето на мостот на реката Сава на граничниот премин „Градишка“, кој се наоѓа на само неколку километри, објавија хрватските медиуми.

Станува збор за привремена мерка која ќе биде на сила три месеци, а ја донесе Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина бидејќи сообраќајот на „Градишка“ беше целосно запрен откако пешачката патека и дел од заштитната ограда на мостот на Сава се урнаа пред два дена.

Во попладневните часови, Министерството за безбедност во Советот на министри на БиХ донело одлука со која се дозволува пренасочување на сообраќајот преку новиот мост во Горња Варош, чие отворање се одложувало поради административен застој.

Хаос на границата меѓу Хрватска и БиХ — се урна мост кај Градишка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот