Највисокиот кошаркар во НБА учи да плива! (ВИДЕО)

фото: принтскрин/STAY/youtube

Играчите на Бостон Селтикс на различно начини го поминуваат слободното време во Дизниленд, Орландо каде што се игра завршниот турнир оваа сезона во НБА лигата.

Енес Кантер и Џејлен Браун го учат својот соиграч Тако Фал да плива кој воедно е највисок кошаркар во НБА лигата (226 сантиметри).

„Сенегалскиот Фелпс на часовите по пливање“ – напиша Канте на Твитер, а видеото веднаш го сподели и светската кошаркарска куќа, ФИБА.

24-годишниот Фал во текот на сезоната на седум натпревари имаше просек од 3.3 поени, 2.1 скок, 0.1 асистенција по меч.

Селтикси во конференциското полуфинале на Истокот играат против Торонто Репторс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот