Најстрашниот хорор на сите времиња: Ова е филмот кој најмногу го крева пулсот кај гледачите

Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Hereditary“ е најстрашниот хорор филм на сите времиња, судејќи според мерењето на бројот на отчукувања на срцето на гледачите во текот на гледањето на ваквите видови филмови.

Експертите за мерење од платформата „GIGACalculator“ пресметале кои филмови најмногу го зголемуваат бројот на отчукувања на срцето кај гледачите, а на првото место се нашол хорор филмот од 2018-та година, кој многумина и многу порано го нарекоа еден од најстрашните на сите времиња.

На 150 луѓе им беа дадени низа хорор филмови кои мораа да ги гледаат за прв пат, носејќи бројач на срцето за да го следи нивниот пулс. Филмовите што им беа прикажани беа избрани по истражувањето спроведено над 2.500 луѓе, кои ги именуваа според нив 10-те најстрашни хорор филмови на сите времиња.

Најстрашниот филм се покажа дека е „Hereditary“, при чие гледање срцевиот ритам на оние што го гледале во просек бил 115 – значителен скок од просек од 60-100 отчукувања во минута.

На следната листа можете да ги видите најстрашните 10 филмови според ова истражување.

– Постојат низа причини зошто уживаме да гледаме хорор филм. Прво, тоа е форма на забава. Нашата желба да бараме сензации и да избегнеме досада нè вовлекува во вид на филм каде што може да се случи нешто морничаво во секој момент – вели психологот Ли Чемберс.

– Тука е и разбирањето за границите на сопствените емоции, во удобноста на сопствениот дом или кино. Можеби сте преплашени, но сепак безбедни. Можете дури и да се скриете зад каучот ако е премногу страшно. Ова активирање на емоционалната регулација е моќно и ни овозможува да ги тестираме стравот и вознемиреноста во контролирана средина – додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот