Најстариот син на Лепа Брена го соопшти неговото повлекување од јавната сцена!

Инстаграм

Најстариот син на една од најголемите музички ѕвезди на Балканот Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ, вчера најави дека се повлекува од јавната сцена. Тој во едно интервју за дневен весник во Србија изјави дека неговата кариера била „убава, кратка и слатка“, откако следеше и неговото официјално соопштение, пишува Мондо.

Стефан преку адвокат ги замолил медиумите во иднина да се воздржат од објавување на било какви информации за него. Прочитајте го соопштението пренесено во целост:

View this post on Instagram

#?

A post shared by Stefan Zivojinovic (@stefanzivojinovic) on

„Би сакал да ја известам јавноста дека решив да се повлечам од јавната сцена и јавниот живот. Претходните години медиумите во Србија објавуваа бројни текстови поради кои не сакав да покренам судски постапки, иако многумина содржеа невистинити информации кои по овој пат ги демантирам. Ги молам сите медиуми да ја почитуваат мојата одлука за повлекување од јавноста и во иднина да се воздржат од објавување било какви информации за мене, а особено оние кои ја вклучуваат мојата приватност“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот