Најстариот претседател во светот бара нов мандат, ќерка му му порача „На луѓето им предизвика премногу страдање“
Претседателот на Камерун, 92-годишниот Пол Биха, и покрај неговата возраст и влошено здравје, се обидува да освои осми мандат, објави „Ројтерс“
Во Камерун се одржуваат претседателски избори, а најстариот претседател во светот, 92-годишниот Пол Биха, и покрај неговата возраст и влошено здравје, се обидува да освои осми мандат, објави „Ројтерс“
Препорачано
Тој е на власт од 1982 година и ги отфрла повиците да се пензионира. Нему му се спротивставува фрагментирана опозиција од 11 кандидати, но без сериозен фаворит, бидејќи судот ја забрани кандидатурата на водечкиот опозиционер Морис Камт.
Камерун денеска гласа во атмосфера на политичка стагнација, сиромаштија и насилство. Една третина од населението преживува со помалку од 2 долари дневно, невработеноста кај младите е алармантна, а излезноста на гласачите на изборите се намалува. Освен економската нестабилност, посоти и конфликт со сепаратистите во англофонските региони кој трае од 2017 година кој однесе илјадници животи и расели повеќе од 700.000 луѓ.
Овие избори беа обележани и со ретко појавување во јавноста на 27-годишната ќерка на Бија, Бренда, која на TikTok изјави дека нејзиниот татко „им предизвикал премногу страдање на луѓето“. Иако набрзо го повлече видеото, нејзината порака сè уште циркулира на социјалните медиуми и се користи како симбол на отпор.


