Најсочното колаче чија арома ќе го намами целото семејство: Одличен десерт за летно уживање! (ВИДЕО)

Фото: принтскрин/јутјуб

Угодете си на себе си и семејството, направете го овој прекрасен колач и сварете кафе, поминете го попладнете заедно бидејќи за среќа се потребни мали работи.

Потребни состојки:

-3 јајца
– 2 лажици шеќер
– 6 лажици брашно
– 200 мл јогурт
– 50 мл масло
– 1/2 прашок за печиво
– 2 пудинга
– 2 лажици шеќер
– ванилин шеќер
– 500 мл млеко
– 800 гр зрели сливи

Подготовка:

Изматете ги јајцата и додадете го прашокот за печиво, маслото, јогуртот и се добро измешајте. Подмачкајте плех 30×20 см, сипете половина од тестото и распоредете.

Печете на 200 степени 15 минути. Сварете го пудингот и малку изладете го и потоа префрлете врз печеното тесто. Одозгора распоредете ги сливите, а преку нив остатокот од тестото.

Можете да ставите уште еден ред сливи одозгова, по ваша желба. Вратете го колечето во рерната и печете уште 45 минути убаво да се испече. Колачот треба да биде сосема оладен за да го пресечете. Можете да го посипете со прав шеќер со арома на ванила.

Целосната постапка можете да ја погледнете во следното видео:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот