НАЈШОКАНТНИОТ ДЕТАЛ кој го призна ДЕМИ МУР: Мајка ми даде на 15 години да ме СИЛУВААТ за 400 долари

Фото: EPA / Justin Lane

Биографијата на познатата американска актерка Деми Мур под назив „Inside Out“ подигна голема прашина, особено поради некои детали од нејзината младост за кои јавноста не знаела.

Таа во својата биографија го спомена и бракот со Ештон Качер кога призна дека често практикувала секс во тројка со цел да му угоди и дека била згрозена од тоа.

Деталите кои најмногу ја шокираа јавноста, се двете рабти кои Деми ги преживеала поради нејзината мајка.

Имено, кога била дете, нејзината мајка се предозирала и малата Деми била присилена со прсти да ги вади таблетите од нејзината уста и грло.

Кога имала само 15 години, мајката дозволила Деми да ја силува еден маж. По гнасниот чин, тој и дал на нејзината мајка 400 долари и ја прашал девојката „Какво е чувството да бидеш продаден?“.

„Тоа беше силување и одвратно предавство од една мајка“, напиша актерката во шокантната биографија. Набрзо потоа, Деми ја напуштила куќата на мајка и и сама се пробила во светот. Од тогаш за неа започнуваат подобрите денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот