Деми Мур отворено раскажа за сексот во тројка кој го практикувала во бракот со Ештон Качер

профимедиа

Актерката Деми Мур во своите мемоари „Inside Out“ ги откри интимните детали од својот живот, а многу пишувала и за бракот со колегата Ештон Качер кој траеше осум години.

Актерката призна дека по разводот со младиот маж паднала во депресија, започнала со неконтролираното консумирање на алкохол и се здебелила. Таа откри и тајни од нивната спална соба кои многумина ги шокираа.

профимедиа

„Него го ставив пред се. Кога предложи во кревет да повикаме трета личност, се согласив на тоа за да му покажам дека тоа може да биде забавно. Всушност секој пат после тоа се чувствував засрамено“, вели Деми Мур и додава дека таа и Качер редовно практикувале секс во тројка.

„Кога во својата врска ќе воведете трета личност, се бришат тие граници. Тоа на некој начин го оправда и неговото неверство“, заклучи актерката.

профимедиа

За мемоарите на својата поранешна Ештон Качер не се огласи. Тој денес е во брак со Мила Кунис и со неа има две деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот