Најпознатите светски романи напишани за приближно еден месец

Ви изгледа прекратко да напишете роман за само триесет дена. Но, тоа не е невозможно…

Овие десет писатели ги напишаа нивните најпознати дела за околу еден месец.

„Пеколен портокал“ – Ентони Барџис

Барџис признава дека го напишал својот најпознат роман за околу три недели, и тоа само заради пари. Стенли Кјубрик го пренесе романот на филмското платно, што на Барџис не му се допадна.

„Коцкар“ – Фјодор Достоевски

Достоевски го напиша „Коцкар“ паралелно со неговото ремек-дело „Злосторство и казна“. Во тоа време, тој бил во долгови поради неговата зависност од коцкање и одлучил брзо да го напише овој полу-автобиографски роман, со цел да ги намали неговите финансиски тешкотии.

„На патот“ – Џек Керуак

Керуак поминал седум години патувајќи во Америка и постојано запишувал. Тоа помогнало да напише цел роман за помалку од еден месец. Интересно е што Керуак го испишал целиот ракопис на долго парче хартија, за кое се смета дека изнесува 37 метри.

 

„Додека лежев умирајќи“ – Вилијам Фолкнер

Фолкнер го напишал ова инвентивно ремек-дело за помалку од шест недели додека работел ноќна смена во електраната. Уште позачудувачко е неговото тврдење во кое вели, дека тој не сменил потоа ниту еден збор.

„Казино Ројал“ – Јан Флеминг

Флеминг го напишал својот прв роман посветен на Џејмс Бонд за околу два месеци. Ова станало репер за него. Потоа го скратил своето пишување за две недели, така што биле потребни шест недели за секој следен роман на Бонд.

„Црвена нишка“ – Артур Конан Дојл

Авторот делото за легендарниот измислен детектив Шерлок Холмс го напишал за само три недели.

„Доверлив агент“ – Грахам Грин

Како и Достоевски, Грин работел на романот „Моќ и слава“, ремек-дело што ќе ја одбележи неговата кариера, кога одлучил да напише уште еден роман за да заработи пари. „Доверлив агент“ бил напишан за само шест недели.

Image
Twitter

 

„Јас, жирито“ – Мики Спилејн

Спилејн напишал роман за Мајк Хемер за девет дена. Книгата се продала во седум милиони примероци за само три години.

„Божиќна песна“ – Чарлс Дикенс

Како и Артур Конан Дојл, Дикенс напиша книга за краток временски период што станува омилена класика, обработена во безброј адаптации. „Божиќна песна“ е напишана за шест недели и претставува олицетворение на новогодишните празници.

A Christmas Carol eBook by Charles Dickens | Rakuten Kobo

„Момчето во шарена пижама“ – Џон Бојн

Бојн бил преокупиран со приказната што ја пишувал, така што ја завршил за рекорден рок. По два и пол дена, модерната класика ја виде светлината на денот. Може да се претпостави дека тој ја променил исхраната, спиењето и останатите потреби за да го комплетира овој роман.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот