Најмоќната жена во фудбалот направи дар-мар на трансфер пазарот

Марина Грановската е главниот „виновник“ на успешниот преоден рок на Челси, а шлаг на тортата ќе биде трансферот на Каи Хаверц.

Преодниот рок само што започна во фудбалска Европа, а уште сега се знае дека Челси ќе биде „најголем победник“.

Најголемите заслуги за одлично завршената работа на Челси на трансфер пазарот има жената во која Роман Абрамович има најголема доверба, Марина Грановскаја чиј збор е последен во тимот од „Стемфорд бриџ“.

ПАДНА ДОГОВОР: Челси уште сега е победник на преодниот рок, Хаверц доаѓа на „Стемфорд бриџ“

Челси уште во јануари го обезбеди потписот на Хаким Зијех од Ајакс, а летово ја изненади конкуренцијата и го реализира трансферот на Тимо Вернер. Зијех беше доведен во зимскиот преоден рок кога истече казната за трансфери на Челси и Грановскаја веднаш се согласи да плати 40 милиони евра за одличниот фудбалер на Ајакс.

Прочитајте и...  Варан: Виновен сум, жалам

Летово плати 60 милиони евра на Лајпциг и на „Стемфорд бриџ“ го донесе германскиот репрезентативец Тимо Вернер со што ги реши проблемите во нападот.

Иако се планираат уште неколку засилувања, пред се нов голман, шлагот на тортата на одличниот преоден рок е Каи Хаверц од Баер Леверкузен.

Грановскаја веќе ги договори сите детали за трансферот, ќе плати 90 милиони евра на неколку рати.

Oфицијалниот потпис ќе биде кон крајот на август кога ќе заврши сезоната во Лигата на Европа каде Баер Леверкузен ќе игра во завршницата од Лигата на Европа и сакаат да го имаат одличниот фудбалер на располагање.

Марина Грановскаја во Челси е веќе 17 години и таа одлучува за се, посебно кога станува за трансфери – нејзиниот збор е последен. 45-годишната Грановскаја има руски и канадски пасош и е задолжена за раководењето со англискиот тим, а нејзиното влијание во Челси но и умешноста со раководењето на клубот го натера „Тајмс“ да ја прогласи за најмоќна жена во фудбалот.

Кои се најмоќните жени на челни позиции во фудбалот? (ФОТО)

Дури Грановскаја е најголем виновник зашто Жозе Мурињо по втор пат се врати во Челси. Имено, Мурињо беше во лоши односи со Абрамович, но не и со Грановската која експресно го убеди сопственикот да го врати Португалоецот на клупата.

Прочитајте и...  Вавринка не размислува да игра на УС Опен: Условите во Њујорк се невозможни

Прочитај повеќе

Тажната приказна за тренерот кој го направи Федерер најдобар тенисер (ВИДЕО)

Слободен печат

Отказот на Сари ќе го чини Јувентус 20 милиони евра, ќе летаат и директорски глави во Торино

Слободен печат

Вавринка не размислува да игра на УС Опен: Условите во Њујорк се невозможни

Слободен печат

Кавани го направи изборот, ќе потпише тригодишен договор со португалскиот гигант

Слободен печат

Ботас пред Хамилтон во квалификациите, замената Хулкенберг заврши како трет во квалификациите

Слободен печат

Боксерскиот спектакл на Тајсон виси поради марихуаната?!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Зарко ја освои пол позицијата во Брно

Слободен печат

Официјално: Јувентус го отпушти Сари

Слободен печат

Меси нема страв од пандемијата, спие на анти-корона душек

Слободен печат

Кренке ја извади „змијата од џебот“, буџетот од 120 милиони евра на Арсенал му гарантира пет страшни засилувања

Слободен печат

Сари е веќе отпишан, Јувентус го контактира Покетино

Слободен печат

На маратонот „Тоше Проески“ на Крушевското езеро ќе плива и Евгениј Поп Ацев

Благоја Георгиевски