Кои се најмоќните жени на челни позиции во фудбалот? (ФОТО)

За фудбалот вообичаено се зборува дека е машки спорт иако ФИФА во последните години се обидува да го популаризира и женскиот фудбал.

Но, додека на теренот се 22 играчи, во луксузните ложи на трибините седат сопствениците и директорите на клубовите каде во последно време се зголемува бројот на жени кои заземаат челни позиции во најголемите фудбалски екипи.

Најпозната и најмоќна жена во светот на фудбалот и директорката на Челси, Марина Грановскаја (45). Таа има руски и канадски пасош и е задолжена за раководењето со англискиот тим кога е отсутен сопственикот, Роман Абрамович. Нејзиното влијание во Челси но и умешноста со раководењето на клубот го натера „Тајмс“ да ја прогласи за најмоќна жена во фудбалот.

Марина Грановскаја

Маргарита Луис-Драјфус (57) е поранешната сопственичка на францускиот Олимпик Марсеј и е единствената жена милијардерка во светот на фудбалот. Луис-Драјфус која има Швајварско-руски корени ја наследи компанијата „Louis-Dreyfus Commodities“ по смртта на нејзиниот сопруг. Во 2016 година го продаде Олимпик Марсеј на американска компанија, а таа задржа пет проценти од акциите.

Маргарита Луис-Драјфус

Амаја Горостика (59) е најмоќната дама во шпанскиот фудбал, таа е претседателка на тимот на Еибар.
– Во овој град, но и во цела Баскија, жените отсекогап биле на водечките позиции во сите институции, така што мојата функција не треба никого да зачудува иако многумина знаат да бидат изненадени. На почетокот некои претседатели ме гледаа чудно, но доколку се однесувате природно тогаш ќе бидете прифатени од сите. Никогаш никој не ме третирал поинаку од претседателите на останатите клубови иако сум еднинствена жена претседател – изјави Горостика за Би-Би-Си.

Амаја Горостика

Катарина Либер е сопственик дел дел од акциите на англискиот премиерлигаш Саутемптон. Таа доаѓа од германско-швајцарското семејство Либер кои се едни од најголемите светски производители на градежни машини. Саутемптон во 2009 година беше спасен од банкрот по што беше купен од страна на нејзиниот татко Маркус Либер, а по неговата смрт, Катарина продаде дел од акциите, но сепак има една од водечките улоги во клубот.

Карен Брејди (51) е потпретседателка на Вест Хем, а воедно е и членка на парламентот на Велика Британија. Брејди во Англија ја нарекуваат „првата дама на фудбалот“, а во спортот е повеќе од 25 години. Во светот на фудбалот влезе во 1993 година кога стана управна директорка на Бирмингем сити и тоа со само 23 години.

Карен Брејди

Дона-Марија Кален (56) е извршна директорка на Тотенхем, клуб во кој на раководни функции е од 2006 година. Покрај неа на раководна функција е и Ребека Камлхорн која е задолжена за фудбалските операции во Тотенхем, откако претходно работеше како финансиски директор во Квинс Парк Ренџерс.

Дарси Глејзер Касевиц е ќерка на Малком Глејзер, сопственикот на Манчестер јунајтед. Дарси е дел од управниот одбор на Јунајтед, заедно со уште петте браќа, Аврам, Џоел, Брајан, Ед и Кевин.

Сузан Вилен (57) е извршна директорка на Лестер, а во управниот одбор на англискиот клуб е од 2010 година.
Мишел Вајлдер (44) е директорка на Брајтон од 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот