ПАДНА ДОГОВОР: Челси уште сега е победник на преодниот рок, Хаверц доаѓа на „Стемфорд бриџ“

фото: твитер

Трансферот ќе биде реализиран во август кога ќе завршат ЛШ и ЛЕ, а Челси се согласи да ја плати бараната сума. Но, тоа не е се, доаѓаат уште и лев бек и голман.

Екипата на Челси уште сега може да се прогласи за победник на летниот преоден рок иако тој воопшто не е ниту започнат. „Сините“ прво во февруари го купија Хаким Зијех од Ајакс, потоа пред нос на Ливерпул му го „украдоа“ Тимо Вернер, а сега се договорија со Баер Леверкузен за Каи Хаверц.

Челси се согласи да плати 90 милиони евра обесштетување за Хаверц кој уште сега ќе потпише договор, но германскиот тим сака работата да се одложи до август бидејќи тие ќе играат во завршницата од Лигата на Европа и сакаат да го имаат одличниот фудбалер на располагање.

Трансферот го забрза самиот Хаверц кој им соопшти на „фармацевтите“ дека сака да си замине од Бундеслигата и да игра заедно со Тимо Вернер, со што на Челси му остана само да ја договори динаминака на исплатата на обесштетувањето.

Сега кога ги договори сите детали од трансферот на Хаверц, Челси и неговиот сопственик ќе се насочат кон ангажирање на лев бек. Изборот падна на фудбалерот на Лестер, Бен Чилвел за кого се подготвени да платат 70 милиони евра.

Бен Чилвел

Челси парите за трансферот на Чилвел ќе ги обезбеди со продажбата на левите бекови. Емерсон Палмиери се наоѓа на радарот на Интер и на Јувентус, додека Севиља е заинтересирана за Маркос Алонсо.

Што се однесува до голманската позиција, Кепа Аризабалага и дефинитивно си заминува од Челси,а неговата замена доаѓа од Турција.
Голманот на Трабзонспор, Уругчан Чакир за сума од 30 милиони евра ќе се пресели на „Стемфорд бриџ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот