Најголемите митови за зимата во кои не треба да верувате: Ако не носиш капа ќе добиеш менингитис…

За зимата постојат неверјатни предрасуди, кои иако повеќепати се побиени, луѓето и понатаму веруваат во нив. Ова се најпопуларните митови за влијанието на студот на човечкото тело.

Да се трие со снег човек кој се смрзнал на улица
На смрзнатиот и онака му е студено, а вие го соблекувате среде улица и почнувате да го триете со снег? Никако! Тоа е сосема погрешно. Малите крвни садови на мраз стануваат многу нежни, па со остри движења може многу лесно да се повредат и можно е да се предизвика инфекција. Исто така, за луѓето со слабо срце, таквата шок-терапија воопшто не е корисна.

Менингитисот е последица на неносење капа
Не, менингитисот е инфекција и неа не ја предизвикува смрзнувањето. Менингитисот има три главни патогени: вирус, габички или бактерија. Всушност, тоа е воспаление на мембраната на мозокот или на ‘рбетниот мозок. Организмот поради смрзнување слабее и станува подложен на инфекции, но тоа не е главната причина за менингитис.

Немојте да вдишувате студен воздух, ќе ве заболи грлото

Причината поради која ве боли грлото е почетокот на настинка, а кашлицата е можна последица од инфекција. Но, студениот воздух никако не може да биде причина за болки во грлото. Одредени лекари советуваат да не се избегнуваат зимските прошетки, бидејќи имунитетот тогаш работи со „полна пареа“. Само облечете се потопло.

Алкохолот одлично загрева

Да, многумина мислат така. Кога пијат алкохол, имаат чувство дека пријатна топлина се шири по телото. Меѓутоа, тоа е лажно чувство. Употребата на алкохол го намалува чувството на студ, организмот неадекватно реагира на надворешното опкружување и човекот кој се наоаѓа во алкохолизирана состојба, не може да ја контролира сопствената состојба. Како резултат на тоа, смрзнувањето настапува брзо.
Статистиката зборува дека во повеќе од 90 отсто случаи смрзнуваат луѓето кои се потпијанети.

Нема алергии
На луѓето кои страдаат од алергија може да им се влоши состојбата. Во зима можеби нема полен, но алергијата на студ не е невообичаена појава.

Пред долга прошетка треба да испиете топол пијалак
Кога пиете топли пијалаци, крвните садови се прошируваат. Па ако излезете веднаш потоа, телото побрзо ќе ја изгуби топлината.
Затоа, пред да излегувате во зима, не пијте чај или врел пијалак, туку изедете нешто хранливо и со повеќе калории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот