Џеф Безос и Мекензи Скот/Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Најголемата донација досега: Поранешната сопруга на Џеф Безос донираше 7,1 милијарда долари во 2025

Филантропката и авторка Мекензи Скот објави дека донирала рекордни 7,1 милијарда долари на непрофитни организации во 2025 година, што претставува значително зголемување во однос на претходните години. Со ова нејзиниот вкупен придонес од 2019 година се искачи на импресивни 26,3 милијарди долари, пишува „Си-ен-ен“.

– Иако оваа сума сигурно ќе биде спомената во вестите, тоа е само мал дел од целата грижа и добрина што оваа година се делеа во заедниците – напишала Скот на својата веб-страница.

Нејзините донации изнесувале 2,6 милијарди долари во 2024 година и 2,1 милијарда долари во 2023 година. Овогодинешниот износ продолжува да привлекува огромно внимание бидејќи нејзините донации доаѓаат без никакви услови и честопати се исклучително големи во споредба со годишните пресметки на организациите што ги примаат.

Донации без најава и услови

Според проценката на „Форбс“, нето вредноста на Мекензи Скот е 33 милијарди долари, а поголемиот дел од богатството доаѓа од акциите во „Амазон“ што ги доби по разводот од основачот на компанијата Џеф Безос во 2019 година.

Нејзиниот пристап кон филантропијата е уникатен – освен отворениот повик за пријави во 2023 година, за нејзините средства не е можно да ја контактираат директно. Организациите обично преку посредник, со мошне малку претходни најави, се известуваат дека Скот им доделила донација.

Силен поттик на образованието и еднаквоста

Пред нејзините официјални објави, повеќе од десетина историски црнечки колеџи и универзитети (ХБКУ) открија дека оваа година добиле вкупно 783 милиони долари. Мерибет Гасман, професорка на Универзитетот Рутгерс и експертка за ХБКУ, внимателно ги следи нејзините донации.

– Едно од нештата на коишто навистина им се восхитувам кај Мекензи Скот е тоа што таа е како машина за еднаквост – рекла Гасман.

Таа додала дека овогодишните донации за ХБКУ се поголеми од нејзините донации во 2020 година. Гасман ја следела вкупната сума од 1,35 милијарди долари што Скот ги донирала на овие институции од 2020 година.

Покрај тоа, УНЦФ, најголемиот давател на стипендии за студенти од малцинските групи, добил 70 милиони долари, додека 50 милиони долари отишле во Фондот за стипендии „Нејтив форфард сколарс“ (Native Forward Scholars), кој обезбедува стипендии за студенти на американските Индијанци.

Поранешната на Безос не ги штеди парите добиени од разводот: Досега донирала 9,2 милијарди долари

Франсоаз Бетенкур Мејерс: Најбогатата жена на светот и сопственичка на познатиот бренд лежи на милијарди, а наследството ѝ беше предмет на судење

Мекензи Скот се разведува од вториот сопруг по помалку од две години брак

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот