Мекензи Скот се разведува од вториот сопруг по помалку од две години брак

мекензи скот
Мекензи Скот / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Ниту еден брак не ѝ донесе среќа на една од најбогатите жени во светот. Мекензи Скот, поранешната сопруга на Џеф Безос, се разведува од професорот по наука Ден Џевет по помалку од две години брак.

Скот поднела барање за развод во понеделникот во Врховниот суд на округот Кинг во државата Вашингтон, САД. Според документите, кои новинарите на „New York Times“ наводно имале можност да ги видат, Џевет не го оспорил разводот, а поделбата на имотот веќе била одредена со предбрачниот договор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Times of India (@timesofindia)

Се шпекулираше за проблеми во бракот

Мекензи и Ден се венчаа во тајност во март 2021 година, а се шпекулираше дека имало проблеми во нивниот брак кога таа престанала да го користи неговото презиме во своите потписи. На страницата „Giving Pledge“, каде милијардерите се обврзуваат да дадат дел од своето богатство на други, неговото презиме повеќе не се појавува покрај нејзиното.

А во нејзината официјална биографија веќе нема никакви индикации за нејзиниот втор сопруг, иако претходно пишуваше дека Мекензи живее во Сиетл со четирите деца и нејзиниот сопруг Ден.

Ден работел во престижното приватно училиште „Lakeside“ во Сиетл. Не е јасно дали Џевет сè уште е вработен во училиштето бидејќи неговото име не се појавува во именикот на колеџот. Но, за време на неговиот престој таму, наводно, ја запознал Мекензи.

Profimedia
Фото: Profimedia

Мекензи и Безос се разведоа по 25 години брак

Безос беше воодушевен што неговата поранешна сопруга пронашла нов сопруг и го поддржал нејзиниот избор.

„Ден е одлична личност, јас сум многу среќен за нив“, изјави тој за „Washington Post“ минатата година.

Да потсетиме, Џеф Безос и Мекензи во 2019 година објавија дека ставиле крај на нивниот брак.

„Сакаме луѓето да знаат што се случува во нашите животи. Како што нашето семејство и блиските пријатели знаат, по долг период на истражување и обиди да живееме одвоено, решивме да се разведеме и да продолжиме со нашите животи како пријатели“, стои во објавата, на која беа потпишани двајцата.

Нивниот брак траеше 25 години и тие се родители на четири деца, три сина и една ќерка која ја посвоија од Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот