Најдобрите македонски одбојкари денеска против Јапонија на турнирот „Чајка“
Најдобрата македонска одбојкарска репрезентација ги продолжува подготовките пред настапот на Европското првенство кое ќе стартува за 12 дена.
Препорачано
Навивајте за македонските одбојкари, можете да купете билети за ЕП 2023 на следниот линк ТУКА и во продажните места на МК Тикетс.
Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски ја темпираат формата и преку одигрување на контролни натпревари, а следните ќе ги имаат на 47 издание на традиционалниот меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски Чајка“ кој ќе се организира од петок до недела во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Како што најавија од Одбојкарската федерација на Македонија, влезот за сите љубители на одбојката и спортот за турнирот „Чајка“ ќе биде слободен.
Прв ривал на нашите одбојкари денеска ќе биде селекцијата на Јапонија со почеток од 20.15 часот (МРТ пренос).
Покрај Македонија и Јапонија, на овој турнир ќе играат и репрезентациите на Египет и Грција.
Турнир „Чајка“
18.08.2023 (петок)
17.30 Египет – Грција
20.15 МАКЕДОНИЈА – Јапонија
19.09.2023 (сабота)
17.30 Јапонија – Грција
20.15 МАКЕДОНИЈА – Египет
20.08.2023 (недела)
17.30 Египет – Јапонија
20.15 МАКЕДОНИЈА – Грција


