Фото: Alexandre Rotenberg / robertharding / Profimedia

Најдобрата гастрономска дестинација во Европа: Лисабон, градот каде што ќе ги вкусите најдобрите јадења со риба

Кога во иста реченица ќе се спомнат гастрономија и Европа, вообичаено први асоцијации се Италија и Франција. Сепак, сепак има една дестинација која годинава ги надмина сите италијански и француски градови во категоријата „најдобар кулинарски град во Европа“. Победата на годинашните Светски кулинарски награди во Дубаи отиде кај португалската метропола Лисабон.

Покрај културата, историјата и неодоливата атмосфера, гастрономијата е една од главните адути на овој неверојатен град, пишува „Путни кофер“.

„Ова е признание за квалитетот на гастрономијата по која Лисабон е толку познат“, изјави градоначалникот Карлос Моедас, откако Лисабон беше крунисан со оваа престижна титула.

Јадење со риба / Фото: S. Parente – Travel – RF / Alamy / Alamy / Profimedia

Инаку, во однос на гастрономијата, Лисабон има буквално сè. Во градот ќе најдете дури 17 ресторани со една или две Мишелин ѕвезди, но и голем број „обични“ и мали ресторани во кои можете да уживате во одлични гастрономски опции. Исто така, два ресторани во Лисабон, „Алма“ и „Белканто“, се најдоа на листата на најдобрите 50 ресторани во светот.

Па, што да пробате кога ќе пристигнете во Лисабон? Тука ќе ве пречека голема избор на јадења од риба, со бакалар како апсолутна кралица меѓу рибите. И оние кои претпочитаат месо нема да останат гладни, а и полжавите се едни од најпопуларните избори на љубителите на добрата храна. Што се однесува до десертите, мора да ги пробате познатите „слатки корпи“ пастел де ната.

Пастел дел ната / Фото: Mika Volkmann / imago stock&people / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот