Најбрзиот човек на светот со силна порака за социјално дистанцирање (ФОТО)

Фото: twitter.com/Sporf

Атлетичарот од Јамајка на Твитер сподели слика каде на Игрите во 2008 во Пекинг триумфираше во трката на 100 метри со два и повеќе метри предност во однос на ривалите.

Поради пандемијата на коронавирусот се прекинати, одложени скоро сите спортски натпреварувања, а помеѓу нив и „кралицата“ на спортовите, атлетиката. Во карантин со цел да се спречи ширењето на вирусот се наоѓа и моментно најбрзиот човек на планетата, Усеин Болт од Јамајка.

Атлетичарот од Јамајка на Твитер сподели слика каде на Олимписките игри во 2008 во Пекинг, триумфираше во трката на 100 метри со два и повеќе метри предност во однос на противниците со порака за социјално дистанцирање, а воедно им честита Среќен Велигден на сите кои го слават најголемиот христијански празник.

Сликата „социјално дистанцирање“ датира од Олимпијата во Кина на која пред 12 години надмина дури три светски рекорди, а споменатата фотографија е од финалната трка на 100 метри.

На оваа трка Болт забележа светски рекорд откако истрча 100 метри за девет секунди и 69 стотинки, а подоцна истиот беше надминат со моментно најдобриот резултат на светот, 9.59 секунди.

Тука можете да погледнете како оствари три светски рекорди во Пекинг во дисциплините 100 метри, 200 метри и во штафетата 4×100 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот