Најактуелниот тренд оваа сезона: Дали сте чуле за „Медуза“?

Тренд Медуза
Фото: Профимедиа

Дали сте чуле за „Jellyfish“ (медуза) трендот? Оваа чудна силуета на облека успеа да стане голем хит на модната сцена.

Трендот на медуза е последниот крик на модата, а подразбира специфична комбинација од две посебни парчиња. Ги опседнува жените, се затоа што им дава МОЌЕН ИЗГЛЕД и ги претвора во кралици на стилот.

Сите знаеме дека најдобриот „лек“ против зимата е слоевитата облека, не само што не штити од налетите на ветерот и разни временски непогоди, туку може да изгледа и многу шик. Облеката со слоеви стана и моден императив, а играта на пропорции и слоеви облека доби свој правец во светот на модата, која експертите ја нарекуваат „медуза“.

Студените месеци од годината традиционално се резервирани за слоевит стил на облекување, но не каков било, ако ги прашате некои од најголемите street style ѕвезди на денешницата. Играта со пропорциите на облеката во стајлинзите ја зафати модната сцена, што резултира со голема популарност на трендот наречен медуза

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alaura Ann 🌙 (@stylethics)

Пред неколку години во зимските месеци се појави тренд на таканаречено “абажурско“ облекување, кое се однесува на носење фустан кој завршува веднаш над избраниот пар чизми, па затоа целокупниот стајлинг резултира како појава на светилка со сенка.  Оваа сезона, сепак, сè се врти околу облекувањето како медуза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LAEC (@laec.nl)

Таканаречениот стил на облекување на медуза е комбинација од преголеми горни делови со тесен долен дел како хеланки или тесни фармерки, создавајќи изглед сличен на телото во облик на ѕвонче на медузата и нејзините пипала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fara (@feedbyfara)

Друг начин да го следите трендот на „медуза“ е да комбинирате широк фустан или капут, а притоа да останете боси, односно да „скокнете“ во чизми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rachel Mae (@okayrachelmae)

Во прилог на популарноста на овој тренд говорат стајлинзите на некои од највлијателните звезди на уличениот стил  на денешницата. Во случајот на облеката од медуза, пропорциите играат клучна улога и неопходно е да се постигне идеална рамнотежа помеѓу големите горни парчиња облека, како што се џемперите и јакните, и потесниот долен дел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот