„Наиса“ – првиот српски тест за коронавирусот го предвидува и понатамошниот тек на болеста

Нишката фирма „Нео медика“ пред неколку месеци започнала со производство на тестови за коронавирусот. Врз основа на студиите направени во Германија „Наиса“ тестот е дополнително развиен, па сега кај пациентите освен моменталната состојба можно е да го предвиди и понатамошниот тек на болеста.

„Наиса“ е попрецизен од 100 до дури 500 пати од останатите тестови. Со тестот се утврдува точното ниво на антитела во крвта, што е од големо значење за лекувањето со крвна плазма. Покрај оваа, српскиот тест има уште една предност, односно може да го предвиди текот на инфекцијата, изјавија од компанијата.

– Во случаите кога ИГА се јавува во првите неколку дена по појавата на симптомите и кога нивото на титар е низок, односно детектираме дека ги има во мала количина, тогаш кај пациентите се развива многу блага клиничка слика, а во спротивно, доколку ИГА се појавува одложено, со некое задоцнување и со висок титар тогаш симптомите се значително потешки – објаснува мр. Милица Тодоровска Рашиќ од контрола на квалитетот на „Нео медика“.

Тестирањето се врши по унапредена „Елиза“ метода, а резултатите се добиваат за само два часа.

Фото: Профимедиа

„Се е автоматизирано, се што е потребно апаратот го обработува наместо вас, така што е многу комфорен за употреба во лабораторија бидејќи се исклучува можноста за човечка грешка“, истакна Милена Милојевиќ, шефот на производство во нишката компанија.

На развој на „Наиса“ системот се работи повеќе од четири години, додека тестот на корона се развива од март.

Странскиот пазар особено е заинтересиран и за новата ИГА фракција со која, како што се истакнува, може да се утврди текот и исходот на болеста ковид-19. Затоа „Нео медика“ одлучила производните капацитети да ги прошири од 1.500 на 4.500 тестови дневно.

– Почнавме да го извезуваме новиот тест за Швајцарија, за Велика Британија тука во Европа, потоа на Блискиот исток и на други пазари каде веќе сме присутни, потпишавме 14 договори, се изработува регистрацијата на тие тестови во тие 14 земји и се преговара со уште земји – вели Саша Тричковиќ, директор на „Нео медика“, пренесува српски Инфопрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот