Надал откри како на Ролан Гарос играше под инјекции и со „анестезирано стапало“

Рафаел Надал по 14 пат триумфира на Ролан Гарос/фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

„Кралот на Ролан Гарос“,Рафаел Надал најверојатно ќе мора да оди на нов лекарски третман на стапалото со цел да ја продолжи кариерата и да го одложи предвременото пензионирање.

Надал вчера по 14 пат го крена шампионскиот пехар на Ролан Гарос притоа одново демонстрирајќи зошто го носи епитетот „крал на Ролан Гарос“.

Надал на патот до титулата загуби само три сета, два од Феликс Оже-Алиасим и еден од Новак Ѓоковиќ, иако целиот гренд слем турнир го одигра под инјекции. Шпаневот призна дека најголем дел од мечевите играше со „анестезирана нога“ за да не ги чувствува болките.

– Се надевам дека ќе продолжам да игра бидејќи моментно се наоѓам во прекрасна ситуација, што е неочекувано за овој дел од кариерата. Сепак, животот е поважен од титулите. Мојата кариера беше приоритет цел живот, но не смее да биде над мојата среќа. Ќе бидам среќен ако продолжам со кариерата, а ако не е така, ќе работам нешто друго – рече Надал.

Шпанецот исто така навести дека ќе следува нова пауза од тениските терени поради која ќе го пропушти Вимблдон. Тој на шпанските новинари им откри дека за време на целиот гренд слем турнир тој добивал инјекции за да ги намали болките во стапалото.

– Инјекциите што ги примав во нервите поминаа добро, а сега ќе направиме третман со кој ќе се фокусираме на два нерва. Тоа е нешто што веќе го имам направено. Овие терапии се прават со радиофреквенција што ќе ми помогне да ја намалам болката во стапалото. Ќе видиме новата терапија ќе може да го остави нервот полумртов засекогаш. Тоа би ме оставило без речиси никакво чувство во стапало. Единствениот начин да настапам на Ролан Гарос беше да ја „анестезирам ногата“. Со анестезијата го блокиравме нервот и ништо не чусвтвував изминатите две недели – објасни Надал.

Шпанецот потоа на новинарите им објасни како изгледа лекарскиот третман, односно терапијата.
Клиниката за лекување на болка во Мадрид објави дека пулсирачката радиофреквенција е „третман за болка предизвикана од иритација или дефект на нервите или чувствителност на системот кој ја пренесува болката во телото – ги пренесува „Марка“ зборовите на Надал.

Третманот се изведува „во сала за операции со лесна седација од страна на специјализиран анестезиолог”. Третманот се состои од „вметнување специјална игла со рендген или ултразвук додека се додека таа не дојде до нервот на кој му е потребен третман. Потоа врвот на иглата се полни со „пулсирачка радиофреквенција за да се ресетира функцијата на повредениот или оштетениот нерв“.

– Контролата на стапалата беше помала, но она што е заспано е тој чувствителен нерв, а не моторниот нерв, така што практично имав целосна контрола на стапалото. Но, не можам да продолжам да се натпреварувам со вкочането стапало. Мора да најдеме решение бидејќи би сакал да продолжам да се натпреварувам. Поради тоа следната недела ќе имам консултации со неколку лекари за да ги истражиме сите опции – вели Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот