Надал елиминиран од 50 играч на светот во Вашингтон

Шпанецот Рафаел Надал не гарантира нов настап на „Австралија опен“/Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Рафаел Надал изненадувачки беше поразен доцна синоќа во осминафиналето на АТП турнирот во Вашингтон (САД) од Лојд Херис.

Херис кој доаѓа од Јужна Африка го елиминираше Шпанецот со резултат 2:1 во сетови 6:4, 1:6 и 6:4 за два часа и 11 минути игра.

50 играч на светот за пласман во полуфиналето ќе игра против Јапонецот Кеи Нишикори кој со 2:1 беше подобар од Камерон Нори (Велика Британија).

Надал се подготвува за настапот на последниот грен слем годинава, „УС Опен“ во Њујорк, а претходно ќе учествува уште во Торонто и Синсинати.

Познати се и останатите четвртфинални средби на турнирот во Вашингтон, МекДоналд ќе ги одмери силите против Кудла, Синер против Џонсон, а Милман со Бруксбај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот