На Весна Змијанац не ѝ е добро, оди на итна операција на срцето

Фото: Инстаграм/Весна Змијанац

Српската пејачка Весна Змијанац (66) мора итно да оди на операција на срцето. На Змијанац, како што пишуваат српските медиуми, на крајот на неделата ѝ е закажана интервенција во болница во Белград.

– Весна во последно време не се чувствува добро. Имаше чести аритмии, а и притисокот ѝ беше висок, одеше и до 250. Затоа и закажа преглед, при што лекарите утврдиле дека мора што побрзо да ѝ се вгради бајпас – ја започнува приказната извор близок до Весна и додава дека пејачката не се плаши од интервенцијата на срцето, пишува српски „Блиц“.

– Весна е лавица, не бега од ништо, дури ни операција. Но, ѝ беше тешко што мораше да им се јави на сопствениците на клубовите и да ги извести дека нема да настапува во следните два месеци. Таа е голем професионалец, па не сака да ја разочара публиката која со нетрпение ги чека нејзините тезги. Иако не сакала, сепак го направила тоа – вели извор за српските медиуми.


Ќерката Николија и зетот Реља Поповиќ се постојано со неа во овие моменти и не се одвојуваат од неа.

Бев осамена и немав време за мажи! Весна Змијанац прозборе и за голите фотографии од младоста (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот