Бев осамена и немав време за мажи! Весна Змијанац прозборе и за голите фотографии од младоста (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Коментирајќи ги денешните пејачки кои имаат навика да се разголат во јавноста, Весна Змијанац откри дека и таа на почетокот на својата кариера се „соблекувала“ пред објективите, но тоа го правела со вкус.

– Јас тоа го правев поинаку, беше ексклузивно и еротично, колку што се дозволуваше во тоа време – објаснува пејачката и додала дека никогаш не ја осудила јавноста поради тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vesna Zmijanac Official (@vesnazmijanacofficial) on

– Никогаш никој не ми забележи. Тоа беше толку убаво и со вкус, а притоа толку добро пеев и имав сјајни песни како и денеска, па се ми се простува.

Иако важела за една од најатрактивните пејачки во тоа време, Весна открива дека била осамена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vesna Zmijanac Official (@vesnazmijanacofficial) on

– Додворувачите не може да дојдат до мене. Имав толку многу обезбедување околу себе и поради тоа некогаш бев тажна. Бев сама по хотелите и апартманите. Само бина и хотел – објаснува пејачката.

Весна тврди дека денеска е слободна жена, но дека ја привлекуваат помлади мажи.

– Секогаш помладото беше послатко. Овие старци не можат да бидат подобри се разбира. Јас сум слободна жена, можам да зборувам што сакам – рекла Весна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот