Онкологија /Фото: / ''Слободен печат''/ Слободан Ѓуриќ

На Онкологија не се испитуваат тумор-маркери, пропаднал тендерот за материјал

На Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопјe во моментов не се врши испитување на тумор-маркери, затоа што е откажана јавната набавка, а пациентите ова испитување мора да го направат во други јавни лаборатории, пишува „Порталб“.
Повеќегодишна пациентка на Клиниката вчера била на редовен преглед и вели дека докторот ѝ рекол оти не можат да испитаат тумор-маркери бидејќи немале материјал.

„Оваа анализа сум ја правела тука секојпат кога доаѓав на преглед, докторот ми рече дека бидејќи нема материјал за оваа испитување, тоа можам да го направам во градската болница во градот од каде што доаѓам и онколозите од таму можат да ги видат резултатите“, вели таа.

Пациентката додава дека не треба да има недостиг и дека треба да се преземат мерки за оваа анализа, која е многу важна за пациентите, да им се нуди во секое време.

Од Клиниката велат дека во моментов анализата не се врши бидејќи јавната набавка за материјали е откажана.

„На ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија – Скопје во моментов не се изработуваат анализи на тумор маркери поради поништување на јавна набавка, но постапката е повторно објавена и анализите наскоро ќе бидат достапни. Во меѓувреме, пациентите овие анализи можат да ги направат во околу 40 јавни лаборатории“, соопштија од Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Оттаму не соопштуваат кога точно ќе почне повторно да се врши оваа анализа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот