На неговите шеги се смее цела Македонија: Дали го препознавате момчето од фотографијата?

Во неделата на 29. ноември, Македонија и останатите земји кои ја сочинуваа поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија се присеќаа на еден од најголемите државни празници – Денот на Републиката. 

На истиот датум пред 75 години на овој ден се одржа Второто заседание на АВНОЈ во Јајце, каде беше донесена одлуката за федерално уредување на државата, а денот остана запаметен во историјата како датум на создавање на новата Југославија.  АВНОЈ го воведе називот „маршал на Југославија“, кој му беше доделен на партизанскиот врховен командант Јосип Броз Тито.

Овој празник се одбележуваше еуфорично со неработни денови, училишни приредби и многу веселби. Луѓето го доживуваа како семеен празник на кој се славеше братството и единството.

Познати и непознати луѓе од Балканот ги споделуваа своите сеќавања за Југославија, а меѓу нив и еден од нашите најпознати режисери и сценаристи, Бранко Огњановски.

Огњановски, или на македонската јавност најпознат по улогата на култниот лик Миле Паника од најпознатото и најлегендарно македонско хумористично шоу К-15, како и „Фчерашни новости“ го прослави Денот на Републиката со ретро-фотографија од себе, од осумдесеттите.

– 1982 година, сликата од ЈУ пасош, напиша тој во описот на фотографијата, а очекувано и коментарите под објавата се хумористични.

Фото: Инстаграм / Бранко Огњановски

На неговиот твитер-профил сподели и фотографија од пасошот и напиша „Сум патувал со пасошов од 1982 до фајронот“.

Иако е особено симпатичен во младоста, мора да признаеме дека култниот Бранко Огњановски старее како добро вино.

Бранко со неговото куче Чарли / Фото: Инстаграм – Бранко Огњановски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот