На местото на некогашната гостилница „Кај Злате“, денес се отвори дневен центар за лица со интелектуална попреченост

Во просториите на поранешната гостилница „Кај Злате“, денеска се отвори првиот Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години. Центарот „Пролет“ ќе работи секој ден од 8 до 16 часот, а лицата ќе бидат во придружба на координатор. Нив два пати неделни ќе ги посетува лекар, дефектолог, психолог и социјален работник.

Секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева- Пауновска, денеска, на отворањето на центарот рече дека преку овој центар ќе се обидат да ги интегрираат возрасните лица со интелектуална попреченост, во општеството.

“Дневниот Центар преку организирање на креативни работилници и едукации ќе има за цел социјализација и интеграција на лицата со интелектуална попреченост во општеството. Јас очекувам овој центар да прерасне во место за дружење. Ние ќе ги следиме нивните потреби, а во пресрет ќе им излегуваме и на нивните семејства и родители“, рече Тунева- Пауновска.

На отворањето присутни беа и градоначалниците на Град Скопје и на Општина Центар, Петре Шилегов и Саша Богдановиќ, со чија поддршка поранешниот ресторан е даден на користење на возрасните лица со инмтелектуална попреченост.

„Среќен сум што објекти кои претходно биле предодредени за други намени, успеавме да ги претвориме во центри кои со години биле потребни на нашите граѓани, а посебно се потребни на лицата со интелектуална попреченост над 18 години“, рече градоначалникот.

Шилегов пак, рече дека активното учество на локалната заедница во обезбедување на поквалитетен живот за сите наши граѓани е клучно за развојот токму на целата заедница.

– Град Скопје во изминатиов период активно работеше на полето на социјална заштита, при што интензивно се вклучи во процесот на деинституционализација како исклучително важен процес за секој вид на категории на граѓани.Ова се само дел од нашите заложби и со целост ја поддржуваме деинституционализацијата и унапредување на тој процес во нашиот град со цел да ја подигнеме свеста и совеста на граѓаните за значењето на еднаквоста во живеењето, за значајноста на секоја единка, за значењето на секој човек во нашето општество и нашиот град, рече Шилегов.
На отворањето на дневниот центар посебно му се израдуваа оние за кои истиот е наменет.
23 годишниот Леон, со возбуда зборува за неговите очекувања и дружбата која се надева дека ќе ја има тука. Тој досега го посетувал центарот „Порака“, но според зборовите на неговата мајка, таму бил несрече, бидејќи имале ограничени активности, и како што вели, по цел ден беа затворени.
„Јас едвај чекам да дојде 15ти декември, бидејќи ни кажаа дека од тогаш ќе можеме да доаѓаме. Се радувам што ќе имам каде да се дружам со пријателите, и да научам нешто ново, ни рече Леон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот