Фото: skopje2025.sporteurope.org

На меѓународниот турнир Скопје опен Г1 ќе настапат теквондисти од 40 земји

Светски теквондо сили како Британија, Кина, Шпанија, Франција, Италија и уште 35 држави ќе учествуваат на еден од најголемите спортски настани во Македонија во последниве години.

Скопје опен Г1 е турнир со висок ранг, каде се освојуваат бодови за олимписка норма, вистинска можност нашата земја конечно да биде домаќин на врвен спорт од светски калибар.

Турнирот е во организација на ТК Бутел, Македонската таеквондо федерација и ТК Рамус, а генерален поддржувач на настанот е Владата на Република Македонија.

Овој турнир ќе се организира на 4 и 5 април, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Свеченото отворање ќе се одржи на 4 април од 12.00 часот.

Посебна вредност на настанот е што македонските репрезентативци се сериозни кандидати за медали, и покрај силната меѓународна конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот