На Кијану Ривс му ги вратија украдените предмети вредни 125.000 долари, меѓу нив и гравиранот „ролекс“ од „Џон Вик“
ФБИ потврди дека вредните предмети украдени од домот на актерот Кијану Ривс за време на кражба во 2023 година се вратени. Во соопштение објавено во вторник, 18 ноември, 61-годишниот актер ги побара предметите, вклучувајќи шест луксузни часовници, пренесува „Пипл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По успешната акција, Ривс испрати благодарница до ФБИ.
„Со длабока благодарност и ценење ви го пишувам ова писмо. Ви благодарам многу за вашата напорна работа, посветеност, професионализам и прекугранична соработка. Мои најтопли поздрави, Киану“, се вели во писмото.
Чилеанските власти потврдија дека на 29 јули го предале украдениот имот на Ривс, кој најзначајно вклучува „ролекс субмаринер“ со посвета вреден најмалку 9.500 долари.
Според полицаец од Чилеанскиот оддел за истраги за кражби, вкупната вредност на овој модел достигнува 125.000 долари.
Чилеанските обвинители изјавија дека ѕвездата од „Џон Вик“ ги идентификувала часовниците што биле украдени од неговиот дом во Лос Анџелес во декември 2023 година.
Според извештајот на Си-ен-ен, часовниците се појавиле во источен Сантијаго една година подоцна, во декември 2024 година, и во тоа време било уапсено лице поврзано со насилните грабежи.
Акил Дејвис, помошник-директор задолжен за теренската канцеларија на ФБИ во Лос Анџелес, во изјава нагласи дека случајот е пример за исклучителна меѓународна соработка со чилеанските колеги и полициската управа на Лос Анџелес.
– Иако кражбата е локален криминал во Соединетите Американски Држави, ФБИ соработува со полициската управа на Лос Анџелес и други за споделување разузнавачки информации. Овие злосторства влијаат и на познати личности и на приватни лица – рекол тој.
Во соопштението на ФБИ се додава дека кражбата е извршена од таканаречени „јужноамерикански групи за грабежи“, односно криминални организации што патуваат во САД и други земји со цел да извршат кражби. Агенцијата нагласи дека активно истражува повеќекратни злосторства поврзани со овие групи низ САД.


