Кијану Ривс / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

ФОТО | Драма пред театарот Хадсон во Њујорк: Опседнат обожавател го нападна автомобилот на Кијану Ривс

По изведбата на „Чекајќи го Годо“ во театарот Хадсон во Њујорк, актерот Кијану Ривс беше затекнат од непријатна и малку застрашувачка сцена. Додека 61-годишниот холивудски миленик Кијану Ривс ги поздравуваше обожавателите и влегуваше во автомобилот со кој требаше да замине дома, една жена се обидела насилно да му ја отвори вратата од автомобилот, викајќи дека таа е неговата „божествена сопруга“, пренесува „Дејли Мејл“.

Драматичниот инцидент е снимен на видео објавено од еден од сведоците, кое можете да го погледнете Тука. Видеото го прикажува Ривс како излегува од театарот, мавтајќи кон толпата и упатувајќи се кон својот автомобил, додека возбуден обожавател се обидува да го достигне со сета сила. Телохранителите се обидоа да ја задржат, но жената извика:

„Пушти ме, Кијану, јас сум твојата божествена сопруга!“

По неколку секунди расправија, обезбедувањето насилно ја одвлече од возилото, а таа падна на земја. Додека автомобилот со актерот го напуштал местото на настанот, жената продолжила да вика по него, додека на снимката може да се слушне како еден од минувачите коментира:

„Ви треба забрана за приближување поради ова“.

Ривс, кој неодамна ги негираше гласините за тајна венчавка со долгогодишната партнерка Александра Грант, не коментираше за инцидентот.

Патем, познатиот актер моментално глуми во адаптацијата на Бекетовата драма „Чекајќи го Годо“ во режија на Џејми Лојд, но неговото театарско враќање не наиде на критики. Имено, критичарот на „Њујорк пост“, Џони Олексински, ја опишал изведбата на Ривс како вкочанета и без емоции, додавајќи дека актерот „се бори со улогата на Естрагон“.

Во критиката беше напишано дека Кијану не им дава значење на репликите на својот лик, туку ги изговара механички, „како да рецитира број на социјално осигурување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот