На денешен ден е отпечатена првата книга која денес вреди 35 милиони долари

Фото: Профимедиа

Историчарите веруваат дека се отпечатени 180 примероци од Гутенберговата Библија, а се знае дека постојат 49 оригинални примероци, од кои само 21 се комплетни…

Гутенберговата Библија или Библијата на Гутенберг, позната и како Библија во 42 реда, влезе во Гинисовата книга на рекорди, како најстарата книга во светот отпечатена со машина, чии први примероци, како што веруваат некои, се отпечатени во периодот од 1454-1455 година. Други пак сметаат дека оваа книга прв пат е отпечатена на денешен ден во 1452 година.

Фото: Профимедиа

Ова е првата книга некогаш отпечатена со печатарска машина на Западот и го симболизира почетокот на печатењето и моментот на револуционерните промени во историјата на комуникациите.

Ја печател Јохан Гутенберг од Мајнц во Германија и воедно се смета дека е најстарата книга која е отпечатена со употреба на подвижен метален тип, иако постојат примери кои наведуваат дека во Кина се печатело на овој начин векови порано.

Историчарите веруваат дека се отпечатени 180 примероци од Гутенберговата Библија, а се знае дека постојат 49 оригинални примероци од кои 21 се комплетни.

Фото: Профимедиа

Ниту еден примерок не е продаден години наназад. Експертите претпоставуваат дека еден примерок би достигнал сума од 35 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот