На аеродромот во Загреб запленети две кобри пристигнати од САД
Хрватските цариници на аеродромот во Загреб спречиле обид за криумчарење на две отровни змии – кобри кои во државата пристигнале од САД.
Змиите биле нарачани од правно лице од Словенија и биле дел од пратка која во Хрватска пристигнала на 30 декември минатата година, пишува Индекс.
Препорачано
По извршените проверки, од царинската управа утврдиле дека двете влечуги ги немале потребните документи и за нив не постоела дозволата за увоз со Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови дива фауна и флора (CITES).
Со оглед на тоа CITES е главен документ за заштита на загрозените видови диви животни и растенија и е клучна дозвола при увоз и извоз на животни, отстуството на овој документ се смета за сериозен прекршок.
Правното лице од Словенија за кого била наменета пратката добило казна од 1.800 евра, а на одговорното лице му е изречена дополнителна глоба во вредност од 720 евра.
Кобрите биле запленети и сместени во Зоолошката градина во Загреб, каде има центар за нивна рехабилитација и соодветни услови, обезбедувајќи им професионална грижа и заштита.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
48мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


