На 29 јуни ќе се одржи хуманитарен концерт во Спомен-куќата на Тоше Проески

Фото: Фејсбук

Во амфитеатарот на Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево, на 29 јуни ќе се одржи хуманитарниот концерт насловен „Детска насмевка за овој свет“. Тоа е ден што е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е одржан неговиот прв концерт на Градски стадион, кој сега е именуван по него.

Безвременските хитови на Тоше ќе ги изведуваат Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска, поддржани со музичките групи „Инвиктус“ и „Мелем“.

Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање слух кај новороденчиња во Македонија.

Хуманитарниот концерт е во организација на „Play Without Boundaries“ (Игра без граници) во соработка со Спомен-куќата на Тоше Проески. Станува збор за хуманитарна непрофитна организација основана во Австралија во 2015 година во чест на Тоше Проески.

Од нејзиното постоење, организирала повеќе хуманитарни музички настани во Австралија, а ова ќе биде нејзин прв хуманитарен концерт во Македонија.

Фото: Промо

*Комерцијална објава

Засекогаш ќе живее во нашите срца: Тоше, те сакаме!

ФОТО | Центар за култура Битола со убава вест: Концерт посветен на великаните Тоше Проески и Аки Рахимовски

ВИДЕО | Ќе ве трогне: Емотивна изведба на Тоше Проески и Џеј Рамадановски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот