Аки Рахимовски/Тоше Проески/Фесјбук
Аки Рахимовски/Тоше Проески/Фесјбук

ФОТО | Центар за култура Битола со убава вест: Концерт посветен на великаните Тоше Проески и Аки Рахимовски

Центар за култура Битола и Камерен оркестар, го најавуваат концертот насловен „Засекогаш во срцата 3“ , кој оваа година ќе биде посветен на двајца великани во музичкиот свет Тоше Проески и Аки Рахимовски.

„19 февруари е датумот кога треба да бидете во Битола и кој од сега треба да го запишете во вашите месечни планери“, објавија од Центарот за култура на својата официјална страница на Фејсбук.

Со концертот ќе им се оддаде почит на двајцата незаменливи пејачи кои повеќе не се меѓу нас – македонскиот славеј Тоше Проески и легендарниот пејач на групата „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски, а кои зад себе оставија огромно музичко наследство – евергрини по кои ќе ги паметиме и славиме.

И двајцата музичари, уникатни во своето музичко битисување, живееја за музиката, сцената, публиката…

Зад Аки Рахимовски остана повеќедецениска блескава музичка кариера, пред сѐ, пејачка, а неговите колеги тврдат дека неговото заминување е „удар на рокенролот од регионални размери“.

Нашиот непрежален Тоше, кој имаше блескава музичка кариера, во земјата, на Балканот и пошироко, остави огромна празнина и во музиката и во срцата на милиони обожаватели на неговиот лик и дело. Песните што Тоше им ги пееше на луѓето се саундтрак на животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот