МЗТ Скопје против Морнар Бар атакува на втората победа во АБА лигата

МЗТ Скопје Аеродром запиша нови бодови во домашното првенство/фото: kfsm.mk

Денеска од 18.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ екипата на МЗТ Скопје Аеродром против Морнар Бар ќе го игра својот шести натпревар сезонава во АБА лигата.

Ова е убава шанса за играчите на тренерот Александар Петровиќ да ја запишат и втората победа, имаат противник кој е во серија од три порази.

– Против себе имаме тим кој одлично ја отвори сезоната, но кој влезе во резултатска криза поради што во Скопје ќе бара враќање на победничките патеки. Главни играчи им се бековите Расел и Михаиловиќ, но одлично се пополнети и на останатите позиции. Морнар е предводен од одличен тренер, кој сигурно ќе се обиде да смисли начин како неговата екипа повторно да почне на победува, но на нас е да го спречиме во тоа. Очекувам добар меч, во кој треба да покажеме агресивност во одбраната и во нападот да одиграме на ниво како против СЦ Дерби. Доколку го сториме тоа и доколку имаме најмалку иста поддршка од трибините, тогаш верувам дека ќе дојдеме до целта, а тоа е значаен триумф – вели Петровиќ.

Моментно на табелата македонскиот шампион е на 11 позиција со шест бодови на табелата во регионалното натпреварување, додека еден повеќе имаат Црногорците на деветтото место.

– Зад нас се серија тешки натпревари против најголемите фаворити во лигата во кои, за жал, не успеавме да изненадиме, но добро е што победивме против СЦ Дерби со што покажавме дека можеме адекватно да се носиме во ова натпреварување. Токму тој дуел треба да ни биде патоказ како да одиграме и против Морнар. Очекувам слична енергија како на таа средба и мислам дека тоа е клуčот за евентуалниот успех. Добро го познавам противникот, знам како размислува нивниот тренер и како инсистира на брза игра со многу шутеви за тројка. Доколку ги сопреме нивните бекови, тогаш ќе бидеме многу поблиску до триумфот – се зборовите на играчит на МЗТ, Страхиња Миќовиќ.

МЗТ со рутинска победа над ФМП како загревање за Морнар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот