МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе играат во АБА2 лигата

МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе ја претставуваат Македонија сезонава во АБА2 лигата/Фото: kfsm.mk

Како што официјално денеска е соопштено, 14 клубови ќе бидат дел од новата натпреварувачка сезона 2021/22 на АБА2 лигата.

Врз основа на резултатите во домашните шампионати и земајќи ги предвид резултатите во сезоната 2020/21 на АБА2 лигата, 12 екипи си го стекнаа правото да учествуваат во сезоната 2021/22 на АБА2 лигата.

Тие се Борац Бања Лука (Босна и Херцеговина), Горица (Хрватска), Ловќен 1947 (Црна Гора), Хелиос Санс (Словенија), Младост Максбет (Србија), МЗТ Скопје Аеродром (Македонија), Пелистер (Македонија), Подгорица (Црна Гора), Рогашка (Словенија), Спарс (Босна и Херцеговина), Сутјеска (Црна Гора) и Војводина (Србија).

Останатите две места ќе бидат пополнети со вајлд карти.

Засега нема потврда на начинот на кој ќе се игра, но речиси е сигурно дека тоа ќе биде идентично како во минатиот шампионат, односно еднокружно на неколку турнири, по што осумте првопласирани ќе продолжат во плејофот.

Новитет што се планира е доигрувањето да се игра класично, само еден меч па кој победи оди понатаму, наместо како минатата сезона со два натпревари и победник според вкупната кош-разлика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот